Бред Пит и Дикаприо од 60-тите: Објавен постерот на новиот филм на Тарантино

Бред Пит и Дикаприо од 60-тите: Објавен постерот на новиот филм на Тарантино
САД- Објавен е постерот на новиот филм на режисерот Квентин Тарантино, „Once Upon a Time in Hollywood“ во кој прв пат глумат заедно Бред Пит и Леонардо Дикаприо.

Ѕвездите изгледаат како дел од „хипи Холивуд“ периодот кој се случуваше во Холивуд во времето кое го обработува „Once Upon a Time in Hollywood“.

Фотографијата изгледа автентично, како навистина да е извадена од некој сеф со стари фотографии од доцните 60-ти години од минатиот век. И двајцата актери се облечени во облека која би ја носеле ѕвезди од овој период на Холивуд, како Барт Рејнолдс и Роберт Редфорд.

Леонардо Дикаприо ќе се појави во улогата на Рик Далтон, поранешна ѕвезда на вестерн ТВ серија, додека Бред Пит е неговиот каскадер и дублер, Клиф Бут.

Во филмот ќе се појави и Марго Роби, која ќе ја толкува улогата на Шерон Тејт, популарната американска актерка која беше една од жртвите на Култот на Чарлс Менсон. Според досегашните информации, дел од приказната ќе биде и нејзиното убиство и теророт кој беше предизвикан во Холивуд откако се случи тоа.

Тарантино направи обединување на двајца од неговите омилени актери со кои работеше на „Inglourious Basterds“ (Бред Пит) и „Django Unchained“ (Леонардо Дикаприо). Режисерот е многу возбуден за работата со ова дуо, нарекувајќи ги „највозбудливото динамично дуо по Роберт Редфорд и Пол Њуман“.

Споделување со вашите пријатели: