До 31 декември се пролонгира рокот за чипирање на милениците

До 31 декември се пролонгира рокот за чипирање на милениците

До 31 декември годинава продолжува рокот за бесплатно чипирање на домашните миленици, сопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов.

Атанасов на прес-конференција во Владата потсети дека за кампањата за

идентификација и регистрација на милениците која требаше да трае до 31 март, се набавени вкупно 100.000 микро чипови,  но досега во системот се регистрирани само 49.000 миленици.

-Од 1 април аплицирањето на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а издавањето на пасошите 120 денари. Чипот е донација од АХВ, истакна директорот.

Атанасов дополни и дека од 1 април инспекциските служби ќе почнат со изрекување казни ако затекнат нечипирани миленици, 100 до 150 евра за физички и 1000 евра за правни лица.

Споделување со вашите пријатели: