Том Форд демантира: Не ја нареков Меланија Трамп „преувеличана“ ескорт-дама

Том Форд демантира: Не ја нареков Меланија Трамп „преувеличана“ ескорт-дама
САД- Еден од најдобрите дизајнери на денешнината Том Форд, преку гласноговорникот демантираше дека ја навредувал првата дама на САД Меланија Трамп за стилот.

-Г-дин Форд никогаш не изјавил дека не е заинтересиран да облака преувеличана ескорт придружничка која краде говори и нема вкус за мажи. И да победеше Хилари Клинтон, ниту неа немаше да ја облекува- стои во изјавата на гласноговорникот.

Уште пред инаугурацијата на Доналд Трамп како претседател, се шпекулираше дека многу американски дизајнери одбиле да се грижат за стилот на новата прва дама, вклучувајќи го и Том Форд.

Откако првата дама на Америка го носеше фустанот на Ерве Пјер на инаугурацијата на нејзиниот сопруг - во чиста бела боја, обвиткан до рамо со каскадни набори и тесен црвен ремен со јазол - дизајнерот роден во Франција излезе од сенката и влезе во модниот свет.

„Без неа, верувам дека сè уште би бил скриен. Јас би бил писател дух“, вели Ерве, кој помина 15 години работејќи во „Каролина Херера“ по одреден период поминат во „Оскар де ла Рента“. Двајцата дизајнери ја облекуваа високата класа во Њујорк и Ерве може да наброи три поранешни први дами како негови клиенти: Хилари Клинтон додека работеше во „Оскар“; Лора Буш и Мишел Обама кога работеше во „Херера“.

Во врска со Меланија, која дизајнерот секогаш ја нарекува првата дама, тој е разбирливо дискретен велејќи само дека има направено четири фустани за неа; дека тој, исто така, дејствува како стилист, предлагајќи ѝ и други изгледи; дека, да, тој се среќава со неа и дека таа многу комуницира преку СМС-пораки.

„Мојата улога е да ја облекувам првата дама и да ја советувам - јас не сум стилист. Јас сум советник, и таа е непопустлива за тоа“, вели Ерве. „Кој може на една слободна жена да ѝ каже што да носи? Тоа е разговор, соработка. Без интелектуализација, мојот совет е даден со почит и има смисла“.

Со дискреција на дизајнер кој соработувал со високопрофилни клиенти откако работел во „Балмен“ во Париз на 23-годишна возраст – напредувајќи од практикант во креативен директор и воедно испраќајќи ѝ огромни кутии со интензивно украсени фустани на кралицата Сирикит од Тајланд.

Споделување со вашите пријатели: