Австрискиот виолинист Бенџамин Шмит – солист на концертот на Филхармонијата

Австрискиот виолинист Бенџамин Шмит – солист на концертот на Филхармонијата

„Фантазија апасионата“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на кој солист ќе биде австрискиот виолинист Бенџамин Шмит, а оркестарот ќе го води холандскиот диригент Конрад ван Алфен.

Виолинистот Шмит е меѓу најпопуларните во Европа, за кого се снимени неколку документарни и концертни филмови кои го прикажуваат неговиот исклучителен статус како музички уметник.

На концертот ќе бидат изведени дела од македонскиот композитор Владимир Николов, премиера на „Jasmine Flowers and Red Chestnuts“, од белгискиот композитор Анри Виетан – Концерт за виолина и оркестар бр. 5,  премиера на „Фантазија апасионата“ по која е насловен концертот, како и Симфонијата бр. 3 наречена „Шкотска“ од Феликс Менделсон.

Споделување со вашите пријатели: