Мораториумот за градба во Центар останува на сила до добивање на одлуката на Уставен

Мораториумот за градба во Центар останува на сила до добивање на одлуката на Уставен

Мораториумот за градба на Општина Центар ќе остане на сила се до добивање на одлуката од Уставниот суд, кој одлучи дека е неуставен, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Од Уставниот суд побара да ја преиспита одлуката во рок од 30 дена.

Тој најави дека Општината ќе ги преземе сите правни мерки кои се на располагање за да може да се продолжи со оваа практика до донесување на новите Детални урбанистички планови за Центар.

 „Разочарани сме од оваа одлука. Се остава простор со времената мерка додека Уставен суд не донесе одлука инвеститорите да почнат постапки за добивање градежна дозвола. Имавме состанок со коморите, побаравме да ја повлечат иницијативата, но бевме одбиен. Спремаме други чекари, но од оправдани причини не ги соопштуваме сè уште“, рече Богдановиќ.

„Не се откажуваме од мораториумот. Заедно со правниот тим и надворешни експерти се консултираме за мерките што нѝ се на располагање“, додава Богдановиќ.

Тој додаде и дека кога ќе ја добијат одлуката на Уставен, за неа треба да се расправа на седница на Советот, за да се прогласи мораториумот за ништовен.

„Година и половина работиме на измени на ДУП. Во новите планови, спречивме лоши планови да станат реалност, како со „Мирко Мацан“, и Ново маало, каде во целост укинавме предвидени изградби на хотел, згради и друго, а предвидовме паркови, зеленило“, рече Богдановиќ.

Од Коморите, меѓу кои Стопанската комора на северозападна Македонија и Стопанската комора, побарале да ја повлечат иницијативата која ја поднесоа пред Уставен суд за стопирање на мораториумот за градба во Општина Центар, но тие им одговориле дека продолжуваат со неа.

Уставен суд вчера привремено го укина  мораториумот  за забрана за градење што го донесе Општина Центар до донесување на конечната одлука, а граѓаните во ваквиот потег препознаваат нова игра.

Уставниот суд ја донесе одлуката по иницијатива на Стопанската комора на Македонија и на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Градежните комори подолго време на јавни настани истакнуваа дека мораториумот во Центар му носи голема штета на градежниот бизнис.(Б.Б.)

Споделување со вашите пријатели: