По половина час Македонија води 2:0 со Летонија

По половина час Македонија води 2:0 со Летонија
Само 11 минути и беа доволни на фудбалската репрезентација Македонија да го отвори резултатот на првиот квалификациски меч за ЕП 2020 против Летонија. Капитенот Горан Пандев повлече контра и по лево му сервираше топка на Езџан Алиоски кој му ја протна топката на голманот.

Македонија тргна офанзивно во мечот, па првата сериозна шанса, Алиоски успеа да ја круниса со гол и тоа со неговиот специјалитет. Силен удар по земја од левата страна. Му помогна и голманот Андрис Ванинс кој ударот успеа да го одбрани на момент, но топката му се истркала во мрежата.

Вториот гол го постигна Елиф Елмаз во 29. минута од натпреварот, откако влезе во игра шест минути претходно, на местото на Ферхан Хасани.

Споделување со вашите пријатели: