Пронајдена граната во дворот на британската амбасада во Белград

Пронајдена граната во дворот на британската амбасада во Белград
Денеска во дворот на амбасадата на Велика Британија во Белград работници пронашле граната, објави „Радио телевизија Србија“.

На лице место биле упатени единици на српското Министертсво за внатрешни работи и по проверките било заклучено дека се работи за артилериски проектил кој не може да предизвика опасност, јавува репортерот на РТС.

Проектилот бил однесен на друга локација, а дополнително ќе биде утврдена дали потекнува од Првата или Втората светска војна.

Споделување со вашите пријатели: