Како што јави ДПА, во соопштението не се посочени детали за посетата на Ердоган на Москва.
Во исто време, портпаролот на Кремљ, Песков информира дека на 8 април ќе се одржи заседание на Руско-турскиот совет за соработка на високо ниво, на кое ќе присуствуваат претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Ердоган.
Путин и Ердоган се сретнаа во Москва во јануари годинава, кога разговараа за состојбата во Сирија. На темата Сирија, тие разговараа и на средба во Сочи во февруари, каде им се придружи и иранскиот претседател Хасан Рохани.
Русија и Иран се главни сојузници на претседателот на Сирија, Башар Асад, додека Турција подржува дел од сириските бунтовнички групи.