Барбра Стрејсенд за жртвите на Мајкл Џексон: Силувањето не ги уби

Барбра Стрејсенд за жртвите на Мајкл Џексон: Силувањето не ги уби
Легендарната актерка и пејачка Барбара Стрејсенд ја шокираше јавноста со коментарите во врска со контроверзниот документарен филм за Мајкл Џексон во кој Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак изнесоа обвиненија дека биле силувани од кралот на попот.

Во 236 минути, колку што трае документарниот филм „Заминување од Недојдија“ Робсон (36) и Сејфчак (42) експлицитно ја опишаа првата средба со музичарот и зборуваа за сексуалното злоупотребување што го трпеле во детството од Џексон на неговиот ранч Недојдија.

Во интервју за британскиот „Тајмс“ легендарната актерка Барбара Стрејсенд се присети на неколку состаноци со кралот на поп-музиката.

„Тој беше многу симпатичен, многу детинест. Неговите сексуални потреби беа такви какви што беа, ако се има предвид какво му беше детството или ДНК што ја носеше во себе“, вели Стрејсенд.

За силувањето на момчињата, актерката рече:

„Може да кажете 'злоупотреба', но овие момчиња, како што самите велат, тие биле воодушевени што биле таму“.

Оскаровката, исто така, додаде дека на крајот Робсон и Сејфчак завршиле добро.

„И двајцата сега се во брак и имаат деца, така што тоа не ги уби“, рече актерката, а токму оваа изјава наиде на најмногу реакции во јавноста.

Изјавата на познатата актерка предизвика бурни реакции на во јавноста, а Ден Рид, режисерот на документарниот филм „Заминување од Недојдија“, по овој повод се огласи на социјалните мрежи.

„'Тоа не ги уби'. Барбара, дали навистина го кажа ова?!“, напиша Рид на Твитер.

Споделување со вашите пријатели: