Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Наутро можеби ќе сте мрзеливи, но набрзо работите ќе добијат нов тек: нема да можете да чекате и да ги потиснувате емоциите, тие ќе се излеваат како морски бранови кои што прават пена тркалајќи се. Месечината во Стрелец ја буди вашата бестрашна природа и сега ќе знаете како да се грижите самите за себе си. Финансиски успех.

БИК: Лежерно утро кога ги спознавате причините за работите: среќни сте и му се смеете во очи на стравот разбирајќи ја неизбежната судбина. Повеќе не ви се важни славата и богатството бидејќи точно ја разбирате вечноста. Ова е период кога може да бидете поодговорни за себе и да знаете на кого може да се потпрете. Нови идеи.

БЛИЗНАЦИ: Повеќе не можете да ги криете своите планови: како да сте отворено писмо, од кое што се надзираат љубовните пораки. Добро е да бидете поладнокрвни и да не претерувате во прикажување на самодовербата, бидејќи сè уште не е време за тоа. Научете ја природата на светот и тој нема да може да ви наштети. Припремете се добро.

РАК: Вашето неумерено однесување може да им наштети на пријателствата: добро внимавајте на говорот и немојте да сте слепи пред вистината. Воздржете се малку и ќе избегнете критика и санкции: научете дека ништо не ви припаѓа во целост и бидете позрели. Негувајте ја својата духовна страна, радувајќи му се на животот. Логика.

ЛАВ: После многу жртви и одрекувања, доаѓате до оној момент кога треба да поработите на финесите: убавината на цвеќето може да замре од премногу дожд или преголема суша. Не лутајте наназад, туку завртете го погледот кон светот кој што гледа кон вас. Луксуз и ретка убавина, која што не се либите да ја покажете. Оптимизам.

ДЕВИЦА: Резервирани и објективни, ќе знаете како да им удоволите на саканите: правилата не се исклесани во камен туку ги правиме со секој нов чекор, а зад нас остануваат спомени по кои што долго ќе нè паметат. Лотосот е цвет кој што вирее во калта, а ја покажува својата раскош под светлината на Сонцето: време е да се вивнете се кон ѕвездите!

ВАГА: Постои само еден начин да се видат работите, а тоа е гледањето на пошироката слика: откако ќе прогледате и ќе ја разберете вистината, ќе спиете помирно. Повеќе нема причини за кавги и плачење, ниту за завивање под ѕвездите, туку само за радост и разбирање. Зреењето е неопходно за да може да се ужива на вистински начин. Баланс.

СКОРПИЈА: Ова е ден за комерцијални активности и пред вас се убави шанси за правење на долготрајни договори: ентузијазмот расте и ќе сакате да придонесете во светот на уникатен начин. Искоренете го досегашното деструктивно влијание од својот живот, вртејќи му грб на она што не дава плод повеќе: водени сте од повисоки сили, искористете ги!

СТРЕЛЕЦ: Конечно ја постигнувате саканата позиција: сето вложено време веќе носи плод и денес сте разиграни како нимфа под месечевата светлина. Блескате во сиот свој сјај и располагате со многу таленти, кои ќе бидат претставени наскоро. Не се изолирајте од саканите, туку пуштете ги подлабоко во својот топол свет. Зрачите со самодоверба.

ЈАРЕЦ: Започнувате сериозна мисија со долгорочен карактер: повеќе нема место за сомнеж, знаете како е најдобро да постапите. Откривате една подлабока и важна димензија во животот, разбирајќи ги ситниците, а потоа и покрупните работи. Колку повеќе знаете, толку повеќе и можете: останете објективни и разумни. Популарност.

ВОДОЛИЈА: Олеснување на самиот почеток на работната недела: разбирате дека снобизмот е состојба која што може да се излечи, само ако се локализира. Пред вас е важно животно поглавје и сега ќе треба основате нови пријателства, па дури и со оние кои што не ви се допаѓаат на прв поглед. За среќа, ја имате потребната дисциплина за тоа.

РИБИ: Многу груби зборови, сплетки и нејаснотии: потребно ви е време да сортирате што е што. Разберете дека дури и будалите имаат сопствено уверување, без оглед на искуството што го имаат. Бидете храбри и соочете се со својата сопствена тврдоглавост: така се развива култура и се надминува народната свест. Откритија.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: