Ѓоковиќ избори осминафинале на Мастерсот во Мајами

Ѓоковиќ избори осминафинале на Мастерсот во Мајами

САД – Првиот светски рекет Новаќ Ѓоковиќ се пласира во осминафиналната фаза на Мастерс турнирот во Мајами, САД, откако синоќа во три сета го победи Аргентинецот Федерико Делбонис.

Во меч кој траеше два часа, Србинот ги доби првиот и третиот сет со 7:5, односно 6:1, а го загуби вториот со 4:6.

– Требаше да одиграм подобро, како што го правев тоа во првите неколку гема. Потоа дојдоа проблемите при сервисот, по што следуваа и неизнудени грешки. Сепак собрав сили за добар финиш и на крајот стигнав до победата, изјави Ѓоковиќ.

Во следната рунда негов противник ќе биде шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут.

Споделување со вашите пријатели: