Италија: Почина бебе по обрежување во домашни услови

Италија: Почина бебе по обрежување во домашни услови

Петмесечно бебе почина откако неговите родители направиле обрежување во домашни услови, во Италија, пишува BBC.

Бебето е транспортирано во болница во Болоња со застој на срцето во петок навечер, а прогласено е мртво кусо потоа.

Властите во северната провинција Регио Емилија, отвориле истрага против родителите кои по потекло се од Гана.

Во сличен случај почина и двегодишно момче по неуспешно обрежување во мигрантски центар во Рим, во декември лани.

Околу 5.000 обрежувања се прават во Италија секоја година, но повеќе од третина се извршуваат илегално. Обрежување не се врши во јавните здравствени институции во Италија.

Многу имигранти кои стигнуваат од земјите со муслиманско мнозинство каде обрежувањето е вообичаено. Иако се работи за релативно едноставна медицинска процедура, сепак постои ризик. Од друга страна пак, постојат докажи дека обрежаните мажи имаат помал ризик од заразување со ХИВ. Главниот ризик на процедурата е од крварење или инфекција.

Споделување со вашите пријатели: