Зидан подготвил 85 милиони евра за Мане

Зидан подготвил 85 милиони евра за Мане
Зинедин Зидан продолжува со селекцијата и според медиумите во Шпанија, ова лето тој ќе се обиде да го привлече најдобриот стрелец на Ливерпул – Садио Мане.

Французинот е импресиониран од 26-годишниот фудбалер на „црвените“ и, според „Марка“, веќе подготвува понуда од 85 милиони евра.

Се верува дека трансфер цел број 1 на Зизу е Еден Азар од Челзи, но „сините“ можеби нема да сакаат да се разделат со ѕвездата поради трансфер-ембаргото. Па така легендата на Реал се свртел кон Мане.

Сенегалецот има одлична сезона, откако досега постигна 20 гола, колку што одбележа и Мохамед Салах. Мане имаат договор за уште 4 години со тимот од „Енфилд“, но при висока понуда, тимот на Јирген Клоп може да размисли за продажба.

Споделување со вашите пријатели: