Токму Тавекио беше човекот кој го стави Конте на чело на „азурите“ во периодот 2014-2016 година. Според него, тренерот категорично сака да продолжи со работа на клубско ниво, откако ќе постигне некаков договор со Челзи за исплата на компензација по отпуштањето.
Во моментов не е јасно кој од големите тимови во Серија „А“ ќе потпише со Конте, откако неговото име беше поврзувано со Интер, Рома и, се разбира, Јувентус.
– Конте сака повторно да биде тренер во Италија. Тој е вистински лидер и му даде вредност на нашиот фудбал. Јас сè уште имам позитивни чувства за Антонио. Жал ми е што не му ги дадов парите што ги сакаше во 2016 година. Ако го направев тоа, сигурно ќе се квалификуваме за Мундијалот 2018, изјави поранешниот шеф на италијанскиот фудбал.