Почина лекарот на Тито

Почина лекарот на Тито

Познатиот српски лекар Предраг Лалевиќ, почина денеска во Белград на возраст од 92 години, пишуваат српските медиуми.

Д-р Лалевиќ, ќе остане запамтен како личен лекар на Јосип Броз Тито, а за здравјето на маршалот бил задолжен 16 години. Но, пред сѐ, тој ќе се памти како своевиден татко на српската анестезиологија.

Доктор Лалевиќ е роден во Пеќ, 1927 година.

Споделување со вашите пријатели: