Агут го елиминира Ѓоковиќ во осминафиналето на Мастерсот во Мајами

Агут го елиминира Ѓоковиќ во осминафиналето на Мастерсот во Мајами

САД – Големо изненадување приреди шпанскиот тенисер Роберто Баутиста-Агут, откако синоќа во осминафиналето на Мастерсот во Мајами, САД го победи првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со 2-1.

Србинот фуриозно го почна мечот и првиот сет го доби со 6:1. И кога се чинеше дека Ѓоковиќ без проблеми ќе дојде до четвртфиналето, шпанскиот тенисер кој е 25. На АТП ранг листата, ги доби следните два сета со 7:5 и 6:3 и за нешто повеќе од два и пол часа стигна до победата.

Противник на Агут во четвртфиналето ќе биде Американецот Џон Изнер кој воедно го брани трофејот во Мајами.

Формирани се уште две двојки за четвртфиналната фаза: Чориќ – Оже-Алијасим и Шапалов – Тиафо.

Споделување со вашите пријатели: