Дел од влезниците за „Галеб“ во МНТ на 5 април за хуманитарна цел

Дел од влезниците за „Галеб“ во МНТ на 5 април за хуманитарна цел
Во рамки на проектот „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“, Општинската организација Центар во соработка со Македонскиот народен театар и тим од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ организира хуманитарна продажба на билети за претставата „Галеб“ на 5 април.

Дел од средствата од продажбата на билетите ќе биде дониран во хуманитарна цел, за помош на социјално загрозено семејство.

Програмата „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“ е национална алатка за привлекување и задржување волонтери во Црвениот крст и се спровдува во сите општински организации на Црвениот крст. На годишно ниво обучува околу 1 200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работат со младинците.

Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење интеркултурно општество.

Годишно се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3 000 лица.

Споделување со вашите пријатели: