Две комедии за Денот на шегата во Кратово

Две комедии за Денот на шегата во Кратово
Светскиот ден на шегата 1 Април во Кратово ќе биде одбележан со две претстави во продукција на театарот „Провокација“ од Скопје.

Во Мултимедијалниот центар Кратово на 1 април од 10.30 часот ќе биде изведена претставата за деца „Зеленковци“, а за возрасната публика вечерта од 20 часот – комедијата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ која две години се игра на сцената на Театар „Комедија”. Билетите за оваа претстава се веќе во продажба во Домот на културата „Лазар Софијанов“.

-„Зеленковци“ e eколошко-едукативна интерактивна претстава за деца. Ќе биде бесплатна за дечињата во соработка со градинката „Царка Андреевска“ и основно општинско училиште „Кочо Рацин“ во Кратово. Таа се реализира како дел од програмата за култура на општина Кратово, во рамки на активноста „1 Апрол – Ден на шегата“, информираше Јасмина Давитковска од Одделението за јавни дејности при Општина Кратово.

Споделување со вашите пријатели: