Грција упати демарш до турскиот амбасадор за воздушните инциденти

Грција упати демарш до турскиот амбасадор за воздушните инциденти

Грчкото министерство за надворешни работи упати демарш до турскиот амбасадор во Атина наведувајќи дека турски борбени авиони сѐ почесто го нарушуваат воздушниот простор на Грција.

Овојпат конкретна причина за демаршот е сметањето на хеликоптерот со кој летал грчкиот премиер Алексис Ципрас на островот Агатониси во Егејското море, каде присуствуваше на одбележување на годишнината на востанието против османлиското владеење во 1821 година, пренесе „Катимерини“.

Инцидентот се случи по само неколку дена откако грчкиот и турскиот министер за надворешни работи Јоргос Картугалос и Мевљут Чавушоглу се согласија дека делегации на Турција и на Грција ќе се состанат за да разговараат за мерките за изградба на доверба засновани на спогодбата која во 1988 година ја потпишаа тогашниот премиер Каролос Папуљас и неговиот турски колега Месут Илмаз.

Споделување со вашите пријатели: