МАПАС: Сопругата на Спиро Ристовски никогаш не била вработена кај нас

МАПАС: Сопругата на Спиро Ристовски никогаш не била вработена кај нас
Сопругата на поранешниот министер Спиро Ристовски, Маја Ристовска, никогаш не била вработена во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, информираат од МАПАС.

Оттаму ги замолуваат медиумите да извршат корекција на нивните објави со цел, како што велат, јавноста да биде точно информирана.

Медиумите денeска објавија дека (ДКСК) отвори случаи против повеќе судии за злоупотреби и коруптивни дејствија и најавија дека по допрен глас ќе отворат и предмети за судир на интереси и за сопругата на поранешниот министер Спиро Ристовски, Маја Ристовска, за која посочија дека е вработена во МАПАС.

Споделување со вашите пријатели: