Трамп им испрати порака на Русите: Повлечете ја војската од Венецуела

Трамп им испрати порака на Русите: Повлечете ја војската од Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска побара Русија да се повлече од Венецуела, откако официјална Москва распореди војници и опрема во таа земја.

-Русија мора да замине, рече Трамп на средбата со Фабијана Розалез, сопругата на лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо.

На прашањето како ќе постигне Русите да си заминат од Венецуела, Трамп возврати: „Ќе видиме. Сите опции се отворени“.

Руски војници пристигнаа во Венецуела во согласност со воено-техничкиот договор потпишан помеѓу Владата на Москва и на Каракас, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Генералниот секретаријат на Организацијата на американски држави (ОАС) претходно го осуди слетувањето на два руски авиона во Венецуела, кои транспортираа војници и товар.

– Не сме изненадени од политички мотивираното соопштение на ОАС, во кое Русија без каква било причина е обвинета за воен упад во Венецуела и нарушување на суверенитетот на земјата, убедени сме дека не е во надлежноста на техничкото тело да и кажува на независна држава со кој и како да соработува и да го проценува статусот на Владата на Венецуела, која има вистинска моќ, за разлика од самопрогласениот, технички претседател Хуан Гуаидо, истакна Захарова.

Споделување со вашите пријатели: