Абрамс: Активностите на Пјонгјанг не се во согласност со денуклеаризацијата

Абрамс: Активностите на Пјонгјанг не се во согласност со денуклеаризацијата
Активностите на Северна Кореја во областа на производство на нуклеарно оружје и ракети не се компатибилни со најавите за денуклеаризација, изјави денеска командантот на американските сили во Јужна Кореја, генерал Роберт Абрамс.

-Нивните активности што ги забележавме не се во согласност со денуклеаризацијата, рече Абрамс на сослушувањето пред Комитетот за вооружените сили при Претставничкиот дом на Конгресот. Изјавата е одговор на прашањето дали САД кај северна Кореја гледаат промена во производството на нуклеарно оружје, материјали и ракети.

Абрамс рече дека е охрабрен од намалувањето на тензиите на Корејскиот Полуостров.

Сепак, тој додаде дека забележал „мали или никакви” проверливи промени во воените капацитети на Северна Кореја.

Споделување со вашите пријатели: