Две лица загинаа во пукање во Сиетл

Две лица загинаа во пукање во Сиетл

Најмалку две лица се убиени, а уште две ранети кога вооружен напаѓач пукал во американскиот град Сиетл, јави ABC News.

Имено, напаѓачот пукал при што повредил мотоциклист на крстосница, а тогаш влегол во автобус во кој го ранил возачот. Потоа излегол на улица и убил еден маж од кој го одзел автомобилот, а потоа усмртил уште едно лице.

полицијата соопшти дека инцидентот се случил на северниот дел од градот, а осомничениот е уапсен по судар. Превезен е во болница каде му се санирани неколку исеченици.

Заменик-шефот на полицијата Марк Гарт Грин на прес-конференција по повод инцидентот го нарече пукањето бесмислен чин, извести Seattle Times.

Споделување со вашите пријатели: