Физичка пресметка во угостителски објект во Кавадарци

Физичка пресметка во угостителски објект во Кавадарци
Физичка пресметка се случила синоќа во угостителски објект во Кавадарци, се расчистува случајот, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Во 23 часот било пријавено дека во угостителски објект во Кавадарци дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу М. П. (43) од Крива Паланка, И. Ѓ. (43) од Кавадарци и А.М. (20) од светиниколското село Лозово од една страна и Л.Т. (34) од кавадаречкото село Бегниште  од друга страна.

Во физичката пресметка биле употребени и различни предмети, рече Додевски.  Се работи на расчистување на случајот.

Споделување со вашите пријатели: