Во 1948 година, Ивко Панговски од весникот „Единство“ преминува во Радио Скопје каде што останува до пензионирањето, во 1989 година. Беше неуморен до последен ден, секогаш во кругот на спортистите и на спортските работници.
Половина век има поминато со микрофонот на Радио Скопје, коментирајќи го и првиот пливачки маратон во Охрид во 1962 година, потоа најтажниот пренос на Вардар веднаш по земјотресот во Скопје, а известувал и од погреб. Паралелно му бил и 30 години стенограф на Тито и присуствувал на разни затворени седници во владата на СФРЈ. Неколку децении беше репортер на Радио Скопје од натпреварите на ФК Вардар, коментираше од европски и светски првенства, од Олимписки игри. Добитник е на многу признанија, автор на неколку книги со спортска тематика.
Ивко Панговски е втор човек кој добил „Златна плакета“ од Фудбалскиот сојуз на Југославија. Прв е Перо Коробар, претседател на фудбалски сојуз на Југославија кој бил и претседател на Врховен суд на Југославија и Претседател на Уставен суд на Македонија.