СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на консултации за законот за СЈО во Министерството за правда

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на консултации за законот за СЈО во Министерството за правда
Вечерва во 18 часот ќе има средба на преговарачките тимови на  СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за правда за консултации за законот за Специјалното јавно обвинителство СЈО.

Претпладнево премиерот Зоран Заев имаше средби со лидерите на Беса и Алијансата на Албанците, Билал Касами и Зијадин Села, во обид да се обезбеди двотретинско мнозинство за законот за јавно обвинителство.

Средбата со преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ следува откако од опозициската

партија доставија шеесетина амандмани на законот, кој им е доставен на пратениците.

Села, предмалку изјави дека СЈО треба да продолжи со работа затоа што сѐ уште не ја исполнило целта за која беше формирано.(А.М.М.)

Споделување со вашите пријатели: