Жена со две матки роди близнаци, 26 дена откако роди момче

Жена со две матки роди близнаци, 26 дена откако роди момче

Арифа Султана (20) од Бангладеш има две матки и роди близнаци по речиси еден месец откако на свет донесе предвремено родено момче, пишува BBC.

Султана родила момче кон крајот на февруари, а 26 дена подоцна примена е во болница поради болки во стомакот. Докторите тогаш откриле дека во другата матка носи близнаци и почнале итен царски рез.

„Кога стигна направивме ултразвук и откривме дека носи близнаци. Бевме шокирани и изненадени. Никогаш порано не сум видела такво нешто“, вели гинекологот Шеила Подар.

Првото момче Султана го родила во болница во округот Кулна, а близнаците во болница во округот Јесоре. Гинекологот Подар за BBC раскажува дека Султана и нејзиниот сопруг многу се сиромашни и дека пациентката никогаш порано не правела ултразвук.

„Не знаела дека има уште две бебиња - момче и девојче“, вели Подар.

Близнаците се здравствено добро и не се воочени никакви компликации.

Еден гинеколог од Сингапур истакнува дека didelphys или двојна матка не е редок случај како што мислат луѓето.

„Со помош на ултразвук може да се види дали некоја жена има две матки. За жал, некои личности од руралните подрачја никогаш не биле на ултразвук“, вели лекарот Кристофер Нг.

AFP пишува дека Арифа Султана е пресреќна, но дека е загрижена затоа што е свесна дека нејзината финансиска ситуација ќе биде преоптоварена.

таа изјави дека е среќна со своите деца, но дека е загрижена затоа што не е сигурна како ќе ги издржува.
loading...

Споделување со вашите пријатели: