Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Со решителен карактер и физички активни, праведно постапувате давајќи го своето знаење онаму каде што е потребно: ова е време за еволуција, со која што ќе ги надминете опонентите. Рационално го користите својот интелект и затоа имате смирувачко и исцелително влијание врз околината. Поддржани од повисоки сили, култивирате надеж.

БИК: Месечината во Јарец ја нагласува рационалноста: зрели и непоткупливи, му вртите грб на минатото, знаејќи ги своите можности. Ослободени од негативните влијанија, продолжувате ноншалантно кон посветла иднина: тука се и пријателите, чекор по чекор до вас. Тоа ви влева самодоверба и ја реставрирате вашата чест.

БЛИЗНАЦИ: Средба со личност од минатото, со која што споделувате зрел совет: ќе чуете интересни информации во областа на уметноста и ќе знаете како да дејствувате понатаму. Сега е веќе лесно, иако треба да преземете нови одговорности: работата ослободува од многу потенцијални пороци, од кои еден е говорењето напразно. Нови инвестиции.

РАК: Вашите емоции се изложени пред окото на јавноста и имате чувство дека можете да се справите со тешката реалност: најважно е да ја разберете работата која што сакате да ја извршите. Можеби нема да дојдете до инстант решенија и ако форсирате, може дури и да се повредите. Не ги обвинувајте другите за своите неуспеси. Воздржете се.

ЛАВ: Трансформација на работен план: она што повеќе нема важност, ќе биде сменето. Добро е што ја имате потребната поддршка од саканите, како и сето разбирање од страна на околината. Иако темпото е бавно, нема место за песимизам: успевате да ја изградите својата самодоверба, потпирајќи се на минатите успеси.

ДЕВИЦА: Ова е активен период во вашиот живот: од вас се бара да бидете широкогради и да инвестирате или донирате дел од своето слободно време. Тоа ќе ви донесе неочекувани награди и работите конечно ќе добијат нова димензија: она што до вчера беше приоритет, повеќе не е. Бидете им верни на авторитетите и тие ќе ве поддржат.

ВАГА: Повикајте се на својата умерена природа и ќе ја надминете потенцијалната горчина: во областа на срцето нема место за гордост, туку за мек тон и разбирање. Почнете да штедите и инвестирајте во својот дом: ќе го надминете чувството на блокираност штом откриете каде грешите. Сменете го ставот и не губете време повеќе.

СКОРПИЈА: Проблеми во животниот стил кои се рефлектираат врз останатите: внимавајте на својот говор и однесување во новите познанства. Ако успеете да го држите јазикот зад заби, ќе ја добиете саканата работа или проект. Можна е и нова љубов. Иако не очекувате, ви претстои поголема сума на пари. Убави семејни изненадувања и добро здравје.

СТРЕЛЕЦ: Успевате да ги наплатите своите долгови, а вложениот труд ќе ви се исплати. Сепак, не се затворајте во себе при првите знаци на блокада и размислете добро кој е на вашата страна. Можеби ќе ве ангажираат во некоја важна институција, а за сето тоа ќе ви биде потребно време и долготраен напор. Обновен жар во љубовта.

ЈАРЕЦ: Денес е важно да ја култивирате својата приземна природа и да останете фокусирани на целта, откривајќи ја својата зрелост. Нежни во говорот и размислувањата, ќе им ја дадете сета љубов на саканите: нема да ви биде тешко и по неколку пати да покажувате со својот пример. Дома ќе најдете сигурно место и утеха.

ВОДОЛИЈА: Како да сте помеѓу два огна: назад нема, иднината е неизвесна, а животот не чека во своите барања. Моќни личности бараат да ги застапувате, но се чини дека повеќе ја немате истата сила: дури и престојот во рајот е ограничен, ако ги исцрпите своите заслуги. Добрите намери не градат патишта, туку само добрите дела. Без пакост.

РИБИ: Добивате информации од пријателите или роднините и ако добро ги разберете, ќе најдете храброст да се соочите со несаканите последици од лошите избори. Сега имате поголемо разбирање за туѓата трагедија и сакате да ја понудите својата помош. Ќе научите дека гласот на совеста минува низ фаза на мутација и ниту вие не сте исклучок.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: