Романија ѝ забрани на Ковеси да ја напушта земјата

Романија ѝ забрани на Ковеси да ја напушта земјата
Романија ја постави прославената поранешна антикорупциска обвинителка Лаура Ковеси под специјална судска контрола, при што ѝ забрани да ја напушти земјата и да разговара со медиумни. Ковеси е фаворит во трката за Европски обвинител.

По речиси шестчасовна сослушувања од обвинителите за делa за истрага на криминални злосторства, поранешната романска обвинителката е со забрана да ја напушта територијата на Романија или да зборува пред медиумите за случајот за кој е под истрага.

„Ова е мерка да се затвори мојата уста“, напиша Ковеси на својот профил на Фејсбук.

Канадскиот амбасадор за Романија и Бугарија Кевин Хамилтон исто сподели на својот профил дека е "загрижен" од информациите дека Ковеси има забрана да ја напушти земјата и да комуницира со медиумите. Романија моментно претседава со Советот на ЕУ.

Речиси паралелно со номинацијата на Ковеси во изборот за јавен обвинител во 2019 година, романските власти започнаа истраги против неа, при што главните обвинувања се за некаква корупција. Романската влада, која се противи на кандидатурата на Ковеси, исто така започна активна кампања. Во почетокот на февруари романскиот министер за правда, Тудор Тоадер дури вети дека ќе стори сé за да спречи нејзиното избирање на новиот европски пост.

Помеѓу 2013 и 2018, како главен обвинител Ковеси беше една од главните причини за мноштвото осудени политичари од вишиот ешалон во Романија, вклучувајќи министри и пратеници.
loading...

Споделување со вашите пријатели: