СДСМ: Во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО секаде стои Република Северна Македонија

СДСМ: Во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО секаде стои Република Северна Македонија
Од СДСМ денеска обвинија дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски лаже и е лицемерен, затоа што во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО секаде стои Република Северна Македонија.

„На површина исплива уште еден доказ за лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Додека Мицкоски ја замајува јавноста со лажен патриотизам тврдејќи дека не го признава уставното име, истовремено, според јавно достапните информации, на сите амандмани на неговата ВМРО-ДПМНЕ поднесени до Собранието за Законот за јавно обвинителство стои новото уставно име Република Северна Македонија“, се вели во партиското соопштение.

Од таму сметаат дека Мицкоски е неискрен и лицемерен и продолжува да ја лаже и манипулира јавноста, со  што, уште еднаш, докажува дека е ист како неговиот ментор и претходник, криминалецот Никола Груевски.

loading...

Споделување со вашите пријатели: