(ВИДЕО) Словенците го окупираа Мајами и направија шоу во дуелот на Дончиќ и Драгиќ

(ВИДЕО) Словенците го окупираа Мајами и направија шоу во дуелот на Дончиќ и Драгиќ
Словенците доживуваат вистинска кошаркарска ренесанса и тоа благодарение само на двајца момци, Горан Драгиќ и Лука Дончиќ. Ударниот тандем на репрезентацијата ги однесе до европското злато во 2017 година, а сега од вечер во вечер ги претставува, но и ги забавува во НБА.

Тамошната навивачка култура за разлика од остатокот од Балканот воопшто не се заснова на хулиганизам и навредување на противникот или својот тим, туку на позитивизам и апсолутна поддршка, што можеше да се види на фамозното ЕП во кое ја совладаа Србија во финалето. На трибините воглавно одат семејни луѓе и на мир уживаат и го поддржуваат својот тим.

Како и да е, словенечките навивачи синоќа направија голема фешта во „Американ ерлајнс арена“ на мечот помеѓу домашниот Мајами Хитс и гостите Далас Маверикс. Секако, причината за организираното доаѓање на навивачите од Словенија беше меѓусебниот дуел на Лука и Горан, привилегија која ја имаа отприлика 2.000 навивачи. И навистина направија спектакл, а расположението го пренесоа на целата арена, со пеење и скандирање „Kdor ne skače ni Slovenc“ (Кој не скока не е Словенец). Толку беа симпатични што со воодушевување ги снимаше и Марк Кјубан, сопственикот на Далас Маверикс, човекот што инсистираше Дончиќ да дојде во Тексас како замена за легендарниот Дирк Новицки.

„Навивачите ни приредија неверојатна претстава, атмосферата во салата беше неверојатна! И Лука и Горан направија шоу, така што се заедно беше прекрасно. Баш ми е драго што присуствував на нешто вакво. Тоа што го направија словенечките навивачи е навистина за паметење“.

Во меѓусебниот дуел на двете словенечки ѕвезди на крајот подобар беше поискусниот Драгиќ, и индивидуално и тимски. Мајами славеше со 150:99, Драгиќ беше посебно мотивиран во победничкиот тим забележувајќи трипл-дабл учинок со 23 поени, 12 скока и 11 асистенции, додека Дончиќ заврши со 19 поени, осум скока и седум асистенции.

Навистина одлична идеја на словенечките навивачи на овој начин да им пружат поддршка на своите идоли.

loading...

Споделување со вашите пријатели: