За два дена спречени три обиди за потпалување на депонијата во Гевгелија

За два дена спречени три обиди за потпалување на депонијата во Гевгелија
Со брза интервенција на територијалната противпожарна единица, изминативе два дена спречени се три обиди за потпалување на депонијата кај Сува Река во Гевгелија.

На терен, покрај пожарникарите, веднаш се појавија и вработени од гевгелиското комунално претпријатие кои исто така дадоа голем придонес во спречување на проширувањето на пожарот.

Комуналците и денеска со механизација се присутни на теренот и го затрупуваат комуналниот отпад кој се уште тлее, поради што се предизвикува чад кој им го отежнува дишењето на жителите во југоисточниот дел од градот.

Поради сомневањата дека пожарите се подметнати, градоначалникот Сашо Поцков претпладнево оствари средба со претставници од Полициската станица, јавното комунално претпријатие и ТППЕ Гевгелија од кои побара целосна мобилност, истражување на причините за зачестеното разгорување на депонијата, зајакнување на чуварските служби и воведување на постојани дежурства.

Покрај ова, Поцков побара од надлежните служби да се утврди и истражи присуството на лица кои не потекнуваат од општина Гевгелија, а диво се населуваат долж коритото на Сува река во близина на депонијата.

Исто така упатен е апел и до граѓаните за поголема будност и внимателност при горењето на стрништата и употребата на запаливи материи.

loading...

Споделување со вашите пријатели: