Аеродром ќе добие нови паркови и детски игралишта

Аеродром ќе добие нови паркови и детски игралишта
Во наредниот период Општина Аеродром ќе изгради нов парк покрај булеварот „Трета македонска бригада“, а ќе постави и нов систем за полевање на зелените површини и новите садници. Исто така, за најмладите ќе бидат изградени и шест нови детски игралишта, соопштија од Општина Аердором.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин денеска имаше координативна средба со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, при што разговараа за изградбата на новите паркови покрај булеварите „Февруарски поход“ и „Србија“.

loading...

Споделување со вашите пријатели: