Вонреден Самит на ЕУ за Брегзит

Вонреден Самит на ЕУ за Брегзит

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, свика на 10 април вонреден состанок на шефовите на држави и влади на ЕУ откако британскиот Парламент по третпат го отфрли договорот за Брегзит.

Со отфрлањето на договорот за излез, Обединетото Кралство треба да ја напушти ЕУ на 12 април и изгледите за Брегзит за договор се поголеми од било кога.

Според заклучоците на последниот европски самит, доколку британскиот Парламент не го одобри договорот за повлекување од ЕУ до денеска, членството на Обединетото Кралство се продолжува до 12 април. Лондон има обврска до тој ден да ја појасни својата стратегија за Брегзит.

loading...

Споделување со вашите пријатели: