Ципрас: Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија

Ципрас: Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија
Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас од Букурешт, по средбата со премиерката на Романија, Вјорица Данчила.

-Договорот од Преспа дава особена динамика на Балканот и е модел на соработка. Покажува дека преку решавање на разликите, преку економката соработка, културната, можеме да дадеме перспектива на мир, стабилност и економски развој на Балканот. Да ја искористам можноста и да потенцирам дека Грција и Романија ја поддржуваме интегративната перспектива на Северна Македонија, но и на другите балкански земји, и на Албанија, рече грчкиот премиер и додаде дека оваа поддршка се однесува во соочувањето со големите предизвици, за реформите да можат да ги исполнат критериумите за европската перспектива, рече Ципрас.

Алексис Ципрас ги спомена и балканското и романското претседателство со ЕУ како особено важни за европската перспектива на земјите од регионот, додека, пак, за Балканот рече дека не треба да биде област во која ќе постојат конфликти, несогласувања и наметнувања на волјата на трети сили.

-Балканот може да биде регион на мир и соработка, каде што земјите и даваат предност на потребата за соработка и мирно решавање на разликите, ќе ја стават во прв план придобивката за нивните народи и ќе дадат нова динамика, истакна Ципрас.

Средбата на грчкиот премиер со неговата романска колешка беше во рамките на седмиот самит на Романија, Србија, Бугарија и Грција што денеска се одржува во Букурешт, јави дописничката на МИА од Атина.

loading...

Споделување со вашите пријатели: