Макрон: Франција е „најподготвена земја” во случај да нема договор за Брегзит

Макрон: Франција е „најподготвена земја” во случај да нема договор за Брегзит
Франција е „најподготвената земја”, меѓу оние кои се директно засегнати и кои ќе мораат да се справат со последиците од Брегзит без договор, дури и ако е потребно да се „забрзаат” подготовките и да се преговара со Лондон за риболовот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред избраните претставници на регионот Горна Франција.

– Ако на 12 април Британците не дадат согласност, ќе одиме кон отсуство на договор и тежок Брегзит со сите последици што ги наметнува, предупреди тој, непосредно пред третото отфрлање од британските пратеници на договорот постигнат меѓу премиерката Тереза ​​Мај и Европската унија.

Макрон истакна дека во таков случај „ќе се забрза финалната фаза на подготовка, но ние сме без сомнение најподготвената земја меѓу оние кои се директно засегнати”.

Прашан од избраните претставници од Северна Франција за судбината на француските рибари, кои работат главно во британските води, Макрон нагласи дека е „почнат дијалог со Британците по ова прашање”.

loading...

Споделување со вашите пријатели: