Рама: Земјите во регионот повеќе не се непријатели, туку заедно се против новите непријатели

Рама: Земјите во регионот повеќе не се непријатели, туку заедно се против новите непријатели
На церемонијата на десет годишнината од членството во НАТО, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека ситуацијата во регионот е променета и дека земјите повеќе не се непријатели едни кон други, туку заедно се борат против новите непријатели.

-Денес ние не сме непријатели едни кон други, туку сме заедно против новите непријатели. Насилниот екстремизам, и покрај капитулацијата на ИД, не е сузбиен. Фанатичката доктрина нема да биде отсечена само со силата на оружјето, туку со моќта на умот и примерот на милост на оваа голема Алијанса. Зголемениот национализам, сириската бегалска криза или мигрантите во Медитеранот и кибер-војната што добиваат опасни димензии имаат потреба од заеднички одговор, секој со свое место и улога, истакна Рама.

Понатаму, премиерот се фокусираше и на агресивните доктрини на некои земји, нагласувајќи ја анексијата на Крим од страна на Русија како отворено непочитување на меѓународното право.

-НАТО, исто така, мора да се соочи со агресивни доктрини, трети фактори: со зголемување на армија и отворено игнорирање на меѓународните закони. Анексијата на Крим е само еден од вистинските докази за овој феномен. Денес се чувствуваме добро дека интеграцијата на Црна Гора и Северна Македонија во НАТО создадоа широк простор на Балканот за НАТО и ја зајакнаа стабилноста на Балканот, што доведе до пополнување на вакуумот создаден по тектонските промени кои ги доживеа Полуостровот распаѓањето на Југославија, оцени Рама.

Тој зборуваше и околу најавената изградба на воздухопловната база во албанскиот град Кучово, што ќе биде прва ваква база на Балканот, како и неопходноста Косово побрзо да стане дел од НАТО.

Инаку, по повод десет годишнината од членството на Албанија во НАТО одржана беше парада на која учествуваа над 1.300 припадници на албанската амрија, а авионите на Алијансата го прелетуваа небото над Тирана.

loading...

Споделување со вашите пријатели: