Лавров тврди: На САД многу добро им е објаснето зошто нашите војници се во Венецуела

Лавров тврди: На САД многу добро им е објаснето зошто нашите војници се во Венецуела
Руското Министерство за надворешни работи и објасни на администрацијата на Трамп дека руските војници, кои во моментов се наоѓаат во Венецуела, ја поправаат опремата според договорот за воено-техничка соработка постигнат меѓу Москва и Каракас, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

-Одговорив на телефонски повик, кој го добив од државниот секретар на САД Мајк Помпео. Објаснивме што прават нашите војници во Венецуела, дека обезбедуваат одржување на опремата, која ја доставивме во рамките на меѓувладин договор ратификуван од Собранието на Венецуела, кој целосно е во согласност со нејзиниот Устав, рече Лавров.

Весникот „Ел Комерсио” претходно објави дека Антонов Ан-124 и Иљушин Ил-62 со руски трупи и 35 тони товар пристигнале во главниот град на Венецуела, Каракас, на 23 март.

loading...

Споделување со вашите пријатели: