ПРИРАЧНИК: Како да не полудите кога детето има напад на бес

ПРИРАЧНИК: Како да не полудите кога детето има напад на бес
Испадите на бес кај децата најчесто не се резултат на „разгалување“ од страна на родителите, иако навистина така личат. Најчесто, овие испади се нормална развојна фаза кај детето и ако правилно им се пристапи, поминуваат брзо и без последици и за детето и за психата на родителите.

Нема магичен трик за тоа како да се биде родител во такви моменти. Педијатрите ги препорачуваат овие пет совети:

1.Бидете подготвени 

Борбата со детските напади на бес може да биде напорна и ментално, и физички. Потдгответе се дека тоа ќе се случува во следниот период од неколку месеци, па и повеќе. Повторувајте во себе дека за разлика од возрасните, децата уште немаат механизам за контрола на своите емоции.

2. Не реагирајте на околината

Ништо не е полошо од напад на бес на јавно место. Додека детето се валка по подот дома, некако се наоѓа начин да се смири, но што да правите во маркет, кога сите ве гледаат?

Запамтете, што и да направите, луѓето секако ќе коментираат. Има такви кои ќе сметаат дека детето ви е невоспитано, до такви што „би го удриле и би го решиле проблемот“.

Затоа, оставете ги другите и правете го тоа што вие мислите дека треба: бидете тивки, смирени и обидете се да го свртите вниманието на детето кон нешто друго. Или клекнете до него и гушкајте го.

3.Избегнувајте „не“

На оваа возраст, најчесто нашата комуникација со децата е „не“ и „немој“. Препораката е тие зборови да се избегнуваат, или барем поинаку да се формулираат. На пример, наместо „не може сега да јадеш чоколада“, формулацијата да биде„мислам дека чоколадото ќе треба да почека до после ручек“.

4. Анализирајте

Посматрајте го однесувањето на вашето дете. Видете што му предизвикува напади на бес. дали тоа само ги испитува границите, или има вистински проблем? Вашето однесување кон него нека биде одговор на причината за бесот.

5. Гледајте го детето во очи 

Секогаш спуштајте се на негово ниво. Ако му се обраќате со надменост, како очекувате детето да ја прими пораката што сакате да му ја пратите?

На детето му се зборува не само со зборови, туку и со очите, со ставот на детето.... Очите ви овозможуваат да воспоставите цврста врска и полесно да влијаете врз детето. Не си дозволувајте да викате од другата соба. Дојдете до него и зборувајте му очи во очи.

 

 

 

Споделување со вашите пријатели: