(ВИДЕО) Спектакуларниот музеј „Лувр“ во Абу Даби снимен од воздух

(ВИДЕО) Спектакуларниот музеј „Лувр“ во Абу Даби снимен од воздух
Бројни посетители од целиот свет вчера присуствуваа на отворањето на музејот „Лувр“ во Абу Даби кој е дело на истакнатиот архитект Жан Нувел.

Авиокомпанијата „Етихад Ервејз“ сними спектакуларни фотографии и кус филм во режија на домашниот режисер Ахмед Абдулкадер. Освен тоа, два посебно опремени хеликоптери летаа над Абу Даби за да го снимаат авионот додека лета над музејот, кој се наоѓа во културниот дистрикт Садијат.

Изградбата на музејот траела 8 години. На свеченото пуштање во употреба присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон и лидерот на Обединетите Арапски Емирати, Мухамед бин Зајед.

Здружението на француски музеи ќе го надгледува францускиот дел од обврските кон музејот со експертиза и заем на 300 дела од 13 музеи. Арапската колекција ја сочинуваат 600 дела.

За разлика од другите музеи, кои нудат дела по одредена класификација, стилови или цивилизации, музејот во Абу Даби ќе истакнува универзални теми и заеднички влијанија меѓу цивилизациите.

„Лувр“ во Париз е еден од најпознатите и најпосетените музеи во светот. Во него се изложени речиси 35.000 експонати од праисторијата до 19. век.

 

Споделување со вашите пријатели: