(ВИДЕО) Пожарникари фаќаат деца како фудбалски топки кои родителите ги фрлаат за да ги спасат од пожар

(ВИДЕО) Пожарникари фаќаат деца како фудбалски топки кои родителите ги фрлаат за да ги спасат од пожар
На интернет се појави неверојатна снимка на противпожарните служби во државата на Џорџија, САД, на која се гледа исклучителна посветеност и храброст на пожарникарите кои ги фаќале децата што родителите ги фрлале од тераса од зграда во пламен.

Повеќе од 45 пожарникари се бореа против пожарот во станбен комплекс во близина на Атланта во Џорџија и успешно спасија 12 лица од огнената стихија. Сега е објавена снимка од херојскиот подвиг, кој стана сензација на интернет.

„Ги фаќавме децата како топки, буквално. Луѓето од терасите ни ги фрлаа своите деца во нашите раце. Имавме неколку пожарникари кои само фаќаа деца. Беше неверојатно“, рече капетанот Ерик Џонсон.

На видеото се гледа како пожарникарот Струп фаќа дете што го фрла неговиот татко од тераса, Ленс Раглен. Освен Струп, и капетанот Џеки Пекул исто така фати едно од децата.

„Само една мисла беше во мојот ум - да го фатам детето“, рече Џеки, која е и самата мајка.

Споделување со вашите пријатели: