Владата ја најави инвестицијата на „Доган Отомотив“ во Бунарџик

Владата ја најави инвестицијата на „Доган Отомотив“ во Бунарџик
Нова инвестиција наскоро се очекува во ТИРЗ Скопје еден, во Бунарџик.

Како што соопшти денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, министрите вчера ја прифатиле предлог одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко – индустриската развојна зона Скопје 1, или ТИРЗ 1 со Друштвото за производство, трговија, промет и услуги ДОГАН ОТОМОТИВ ДОО увоз – извоз Скопје.

- Ова е нова инвестиција на Друштвото Доган Отомотив од Република Турција. Станува збор за компанија која произведува резервни делови за автомобилската индустрија, рече портпаролот Миле Бошњаковски.

Споделување со вашите пријатели: