Димитров: Условен напредок во преговорите, а потешките прашања допрва ќе се премеруваат

Димитров: Условен напредок во преговорите, а потешките прашања допрва ќе се премеруваат
„Има условен напредок во преговорите, бидејќи  како одиме напред  доаѓаме до потешките прашања. И од нашата страна и од нивната страна имаме доста за размислување, и за мерење. Работевме по логиката што е тоа што е најважно за едната страна и за другата страна и дали можеме во компромисот кон кој се движиме да ги покриеме двете работи. Меѓутоа не зачудува што колку отворено и поконкретно чекориме кон решение така и тешкотиите излегуваат се повеќе на виделина“, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров по денешната седумчасовна средба со својот грчки колега Никос Коѕијас и медијаторот на ОН, Метју Нимиц, во Виена.

-Има позитивен напредок во преговорите, но сепак остануваат тешки прашања што треба да се надминат, изјави медијаторот Нимиц.

Според него, цел ден тие имале и тоа бил продуктивен состанок, што го наведува да биде оптимист за иднината.

-И двајцата министри се фокусираат на дологорочните односи, на стабилноста во регионот, на важноста од добри односи помеѓу двете земји и имам надеж дека ќе продолжиме да работиме со овој позитивен пристап, додаде Ниумиц по средбата.

 

Споделување со вашите пријатели: