Детален хороскоп: Вагата со нова шанса, Девицата ќе се истакнува

Детален хороскоп: Вагата со нова шанса, Девицата ќе се истакнува
ОВЕН: Планирате експанзија - правите стратегија, наоѓате врски и ги менаџирате јавните односи со големо знаење и искуство. Ќе дојдете до сосема нова комбинација, за тоа ви е потребна мрежа преку која ќе ги искористите шансите.

БИК: Повторно се здобивате со мотивација и ги користите талентите и умешноста од минатото. Вашата сила се враќа, како и мечтите, затоа најдобро ќе биде да нурнете во проектите кои бараат внимание. Грижете се за здравјето.

БЛИЗНАЦИ: Неочекувани и судбински случки се случуваат, кои ќе ве натераат да ги видите работите од нова перспектива. Приоритетите се менуваат и сè добива нова смисла - имате визија. Отворете го срцето и видете ја својата нова иднина.

РАК: Редефиниција на начинот на кој што се претставувате пред светот и добра употреба на своите потенцијали. Се здобивате со нова позиција која ќе ја зголеми вашата самодоверба, а при која ќе ја покажете сета своја умешност.

ЛАВ: Спремни сте за иновација и отпочнувате нови активности. Старата структура повеќе не ги поддржуваше вашите потреби и сега градите нова основа за личен раст. Нови предизвици и циклус. Започнување на проекти.

ДЕВИЦА: Денес се создаваат услови да ги покажете своите таленти - го надминувате натпреварувањето и сфаќате колку сте биле во туѓа сенка. Време е да истапите, да ја искористите својата уметност и изразите чувствата. Без срам!

ВАГА: По завршувањето на еден важен циклус, пред вас се отвора нова шанса, во која ги менувате плановите и целите и влегувате во нова фаза. Патување и контакт со странци. Промена во работата или промоција. Време за тргување.

СКОРПИЈА: Условите во вашиот живот се подобруваат - нештата кои сметавте дека се препрека сега ви даваат предност. Потребен ви е комфор, како и грижа за здравјето, затоа најдете време и појдете во природа. Вежбање и нови диети.

СТРЕЛЕЦ: Одличен период за реорганизација на внатрешните капацитети, инвентар на способностите, таленти и знаења. Справувајќи се со ова, ќе дојдете до нови комбинации. Проширете ги своите граници, како и кругот на пријатели.

ЈАРЕЦ: Започнувате нов животен проект за лично исполнување и ги поставувате приоритетите, па дури и ако тоа значи организација на годишниот одмор. Фокусирани, умешни и силни, започнувате нешто што беше одолговлекувано.

ВОДОЛИЈА: Денес ја дефинирате социјалната ролја - го потврдувате својот статус и ги консолидирате проектите. Се обидувате со нов карактер да дојдете до експресија на своите квалитети. Раскажување на своите идеи и планови.

РИБИ: Сега е време да покажете колку сте силни - ја демонстрирате својата моќ, целосно изненадени од себе. Што чекавте до сега? Вие имате знаење и таленти, кои ќе ги инкорпорирате имајќи самодоверба. Сензитивност. Релаксација. Мир.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: