Девојка преку оглас бара некој што ќе ѝ глуми момче пред роднините

Девојка преку оглас бара некој што ќе ѝ глуми момче пред роднините
Млада девојка од Црна Гора преку оглас побара кандидат кој ќе прифати да и глуми нејзино момче пред роднините.

Девојката за да ја исполни својата намера ги искористи социјалните мрежи и напиша:

„Сакам да изнајмам, момче кое во сабота на 25 август во 17 часот, ќе биде во Белград. Неговата задача е да глуми дека ми е момче за време на свадбата од сестра ми. Кој ќе ги слуша напорните роднини“, напиша девојката.

За кратко време нејзиниот напис стигна илјадници коментари. Секако, повеќето шеговити, но и реални понуди за нејзиното барање.

Споделување со вашите пријатели: