Оставете ја бебешката кожа сама да направи заштита

Оставете ја бебешката кожа сама да направи заштита
Родителите се натпреваруваат во користењето препарати за нега на бебето, мислејќи дека тоа е најдобро за нивното дете. Но, истражувањата покажаа дека помалку значи подобро, односно дека минимално користење козметика во првите неколку недели од животот на бебето и овозможува на кжата сама да изгради свој заштитен слој.

Основа на негата е водата. Сапунот или купката е доволно да се користат само еднаш во седум до десет дена.

Пред и по бањање или преслекување на бебето задолжително измијте ги рацете. За бањање користете исклучиво фротирска ракавица која по употребата ќе ја извриерте.

Најдобро е да не го допирате лицето околу очите. Ушите и носот чистете ги повремено со стапче со памук. Ако бебешката кожа е сува, користете само хартиени марамчиња кои ќе ви ги одобри лекар.

Нега на папокот

КОжата околу папокот одржувајте ја чиста и сува. Се додека папокот не падне, по секое преслекување сменете ја газата и отстранете ги сите нечистотии. Ако папокот е влажен, исушете го со памук. Ако кожата околу папокот поцрвени или има непријатен мирис, обавезно јавете се кај лекар.

Што уште треба да знаете

- Козметиката за бебе не смее да содржи вештачки бои или мириси

- За нега на кожата бирајте благо масло, без алкохол и мириси.

- Одлучете се за благ, неутреален шампон

.

- Регионот околу пелената мачкајте го со тенок слој специјален крем за задник.

- Детергентите за перење на бебешките алишта не смеат да бидат агресивни, а при купувањето омекнувач одлучете се за оној наменет за детска облека. Таквите омекнувачи се благи и немаат силен мирис.

Споделување со вашите пријатели: