Србија направи летечка бомба со GPS

Србија направи летечка бомба со GPS

На саемот за вооружување и воена опрема IDEX во организација во Абу Даби презентирани се неколку српски производи од пбласта на воената технологија.

Претставено е беспилотно летало ALECS (Advanced Light Electric Composit System). Во прашање е беспилотно летало кое комбинира два мода на летање - квадкоптер мод со четири вертикални елиси за полетување и авио мод за лет со една потисна елиса за хоризонтално летање.

Првобитно развиениот ALECS има 35 килограми и може да носи 6 килограми корисен товар. Ќе се користи за различни мисии на извидување, набљудување и мапирање додека следниот чекор е развој на леталото до тежина од 250 кг кое ќе може да носи 70 килограми корисен товар, пренесе Б92.

Претставена е и првата српска летечка бомба со GPS наведување. Во прашање е PGB-128 - прецизна планирачка бомба со калибар 128mm со тандем крила и целосно подвижна опашка.

Оваа наведувана бомба од 50 килограми и со помош на инерцијален навигациски систем  (INS) со корекција од GPS системот ќе може многу прецизно да дејствува на целта, се наведува во извештајот. Наменскиот проектираното тандем крило овозможува постигнување на максималниот долет од 20 километри со барани висински отфрлања.

Споделување со вашите пријатели: