Македонија најдолу на листата најздрави нации од земјите во регионот

Македонија најдолу на листата најздрави нации од земјите во регионот

На листата на најздрави нации на светот според Bloomberg Healthiest Country Index од 2019 година се Шпанците. Македонија на таа листа е на 56 место.

Уште пет европски земји се меѓу првите десет на списокот на најздрави навики во 2019 година: Италија е на второто место, Исланд на трето место, Швајцарија на петто, Шведска на шесто и Норвешка на деветто место.

Кога станува збор за нашиот регион, најздрава нација се Словенците кои се наоѓаат на 24 место, потоа следува Хрватска на 31 место, Црна Гора на 41 место, БиХ на 42 место, потоа Албанија на 43 место, а Србија и Македонија се на 55 односно 56 место.

Јапонија која на листата од 2017 година беше најздрава нација сега е на четврто место и тоа воедно е најздравата азиска земја.

На списокот од десет најздрави се жителите на Австралија, Сингапур и Израел.

Индексот го оценува здравјето врз основа на следните фактори: траење на животниот век, гојазност, употреба на тутун еколошките фактори како пристап до чиста вода и санитарните услови.

Шпанија има очекувано најдолго траење на животот во земјите од Европската унија.

Според прогнозите на Институтот за мерење и процена на здравјето на Универзитетот Вашингтон, Шпанците до 2040 година ќе имаат најдолг животен век, речиси 86 години, а следат Јапонија, Сингапур и Швајцарија.

Истражувачите веруваат дека за вакви позитивни резултати во Шпанија и во Италија „виновни“ се прехранбените навики, односно нивниот медитерански начин на исхрана со употреба на екстра девствено маслиново масло и јаткасти плодови.

САД паднаа за едно место, па сега се на 35 место, додека граѓаните на Канада на 16 место на најздрави нации.

Во однос на претходната листа Јужна Кореа го подобри својот резултат за дури седум места, а па сега е на 17 место.

Споделување со вашите пријатели: