(Фото) Маја Кикириткова: Пролетна колекција за динамични жени

(Фото) Маја Кикириткова: Пролетна колекција за динамични жени
Модната дизајнерка Маја Кикириткова, викендов, во Скопје, во присуство на медиуми и пријатели ја претстави својата нова колекција "Елеазар на Маја Кикириткова". Промоцијата на новата колекција беше всушност и промоција на новото модно ателје "Елеазар на Маја Кикириткова" .

Новата колекција на Кикириткова всушност е пролетна колекција во препознатливи пастелни бои надополнети со белата и црната како задолжителни бои во ормарот, зачинети со тантела за надополнување на женственоста. „Елеазар“ е колекција "ready to wear" или наменета за сите динамични жени,овозможувајќи одговор за секој нов предизвик во денот, од динамично работен ден кој може да заврши со коктел.

Споделување со вашите пријатели: