Тромбонистот на Џејмс Браун, легендарниот Фред Весли во Скопје

Тромбонистот на Џејмс Браун, легендарниот Фред Весли во Скопје
Во ноќниот клуб Станица 26, вечерва, во 20 часо, концерт ќе одржи култниот тромбонист Фред Весли заедно со неговата група под наслов „Fred Wesley Generation Trio“. Концертот е во организација на „ Три Гонга и Funky Fresh“ локална поддршка Гоце&Чваре.

Поминаа декади од неговата соработка рамо до рамо со Џејмс Браун и Џорџ Клинтон, соработки, кои го етаблираа како еден од архитектите на фанкот.

Денес, неговото трио е конекција на неколку генерации. Легендарниот Весли наполни 75 години, италијанскиот продиџи на клавијатури Леонардо Коради има само 25 години, а тапанарот од триото Тони Меч има 45 години.

Тројца музичари, кои првично пред повеќе години се собраа да му оддадат почит на легендарниот џез музичар Џими Смит, но нешто „кликна“ меѓу нив и тие продолжија како трио да настапуват понатаму заедно се до денес. Нивната музика е производ на талентот и огромното искуство на Весли, звук обоен со уникатни влијанија, вклучувајќи и африкански ритми и електронски звуци.

Синоќа тој одржа двочасовен мастер клас за сите оние кои беа заинтересирани.

Споделување со вашите пријатели: